Македонскиот БДП 35 отсто од европскиот просек

Bez autora
Jun 21 2010

Брутодомашниот производ (БДП) по глава жител изразен во куповна моќ во 2009 година во Македонија бил 35 отсто од просекот на 27-те земји членки на Европската унија, соопшти Евростат. Меѓу земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство поголем БДП од Македонија имаат Хрватска со 64 отсто, Турција со 46 проценти, Црна Гора со 43 отсто и Србија со 37 отсто, додека помала куповна моќ имаат БиХ со 30 и Албанија со 27 проценти од европскиот просек. Македонија во извештајот за 2008 година имала БДП по глава на жител, кој претставувал 34 отсто од европскиот просек. Податоците на европското статистичко биро, покажуваат дека БДП во земјите членки на унијата варира од 41 отсто во Бугарија до 268 проценти во Луксембург.

Македонскиот БДП 35 отсто од европскиот просекБрутодомашниот производ (БДП) по глава жител изразен во куповна моќ во 2009 година во Македонија бил 35 отсто од просекот на 27-те земји членки на Европската унија, соопшти Евростат.

Меѓу земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство поголем БДП од Македонија имаат Хрватска со 64 отсто, Турција со 46 проценти, Црна Гора со 43 отсто и Србија со 37 отсто, додека помала куповна моќ имаат БиХ со 30 и Албанија со 27 проценти од европскиот просек.

Македонија во извештајот за 2008 година имала БДП по глава на жител, кој претставувал 34 отсто од европскиот просек.

Податоците на европското статистичко биро, покажуваат дека БДП во земјите членки на унијата варира од 41 отсто во Бугарија до 268 проценти во Луксембург.

Брутодомашниот производ (БДП) по глава жител изразен во куповна моќ поголем од просечниот во ЕУ лани имале Луксембург, Ирска, Холандија, Австрија, Шведска, Данска, Обединетото Кралство Германија, Белгија, Финска, Франција, Шпанија и Италија.

Пониска куповна моќ од просечната до 20 отсто лани имале граѓаните на Кипар, Грција, Словенија и Чешка.

Пониско од европскиот просек за 20 до 50 отсто се Малта, Португалија, Словачка, Унгарија, Естонија, Полска и Литванија, а на дното се Летонија со 49 отсто од европскиот просек, Романија со 45 и Бугарија со 41 процент од просечниот брутодомашен производ по глава жител изразен во куповна моќ, покажуваат податоците на Евростат.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik